ПВЦ надворешна ролетна со квалитетен механизам за сигурна и долготрајна употреба. Обезбедува одлична заштита од сонце, ветер и дожд, како и подобрена звучна и термичка изолација. Достапна во бела боја, златен даб, орев, махагони, темен даб, антрацит, антрацит од едната страна и во RAL нијанси по избор – совршено се вклопува со фасадата и прозорските системи. Лесна за ракување, со можност за рачно или електрично управување. Гаранција: 5 години. Идеално решение за домови и деловни објекти кои бараат комфор, безбедност и естетика.